Италијанска министерка вљубена во српски спортист

Италија е преплавена со гласините за љубовна афера на една од најпознатите политичарки во земјата и српски одбојкар.
Марија Елена Боски (34), која е министерка за уставни реформи во Владата на италијанскиот премиер Матео Ренци, се најде на насловните страници на жолтиот печат во Италија, откако „Радио 2“ објави дека атрактивната политичка е во врска со српски одбојкар.
Според гласините, одбојкарот игра во Првата италијанска лига, но проблем е што таблоиидте се уште не откриле за кого се работи.
Во моментов во италијанската одбојкарска Серија А настапуваат тријца српски репрезнетативци Драган Станковиќ, Саша Старовиќ, Никола Јововиќ и Александар Атанасијевиќ.
Министерката се уште не се огласи во врска со гласините, но нејзиниот приватен живот засега е главна тема во италијанските таблоиди.
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
