Италијанец обвинет за обид за убиство откако пукал во мигранти

Еден 43-годишен Италијанец е обвинет за обид за убиство, откако пукал кон мигранти од Северна Африка за кои тврди дека биле безобразни кон него, пренесува „Ил Џорнале“
Инцидентот се случил во саботата вечерта во градот Реџо Емилија. 43-годишниот Гаетано Ломбарди наишол на петмина мигранти од Северна Африка кои го нарекле старец и му рекле да им се тргне од патот.
Инцидентот брзо ескалирал, а двете страни си упатувале навреди сè додека Ломбарди не удрил едно од момчињата пред групата да избега. Наместо да ги пушти мигрантите да избегаат, Ломбарди извадил пиштол „берета 950“ и испукал девет куршуми кон нив.
Тројца од мигрантите, од кои двајца малолетни, се хоспитализирани откако се здобиле со прострелни рани, а 20-годишниот марокански државјанин Салах Един завршил на интензивна нега.
Ломбарди ѝ се предал на полицијата, изјавувајќи дека мигрантите биле многу груби: „Отидов предалеку, нешто пукна во мене“.
Ломбарди е обвинет за повеќе точки за обид за убиство како и за незаконско поседување огнено оружје. Кога полицијата подоцна извршила рација во неговиот дом, пиштолот бил пронајден скриен под даска, а втор шаржер бил сокриен во машината за перење.
Инцидентот се случи нешто повеќе од две години откако Италијанецот Лука Траини беше осуден на 12 години затвор за обид за убиство на мигранти во градот Мачерата. Трајни, кој е ултрадесничар, пукал во мигрантите како одговор за смртта на италијанската тинејџерка Памела Мастропјетро, која беше убиена и распарчена од мигрант-наркодилер од Нигерија.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
