Италија воведува нови рестрикции заради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19
Во Италија се зголемува бројот на лица кои се заразени со Ковид-19, додека земјата воведува посилни мерки за запирање на ширењето на заразата, пренесуваат светските агенции.
Вчера беа регистрирани 21.267 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број на лица заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата надмина 3,3 милиони.
Повеќе од 400 луѓе умираат секој ден во земјата, додека земјата се бори да го спречи третиот бран од пандемијата, поттикнат од новите поинтензивни видови на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата во февруари 2020 година, вкупно 106.339 лица починале од Ковид-19.
Досега се распределени околу 8,1 милиони дози од вакцините, а нешто повеќе од 2,5 милиони луѓе или околу четири проценти од населението ги примиле двете дози.
Владата на Марио Драги има намера да ја удвои стапката на вакцинација на 500.000 дози на ден до средината на април во надеж дека ќе постигне колективен имунитет до крајот на летото.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
