Исландскиот премиер побара распуштање на Парламентот заради „Панамските документи“
Претседателот на Исланд, Олаф Рганар Гримсон, денеска ја скрати посетата на САД и се врати во Рејкјавик, каде премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон од него побара да го распушти Парламентот под притисок на барањето да поднесе оставка, по повод тврдењето дека имал офшор компанија вредна милион долари.
Претседателот Гримсон веднаш закажа состанок со главните партии во земјата, јави исландската телевизија.
Непосредно пред неговото враќање во земјата, илјадници демонстранти побараа премиерот Гунлаугсон да си замине од функцијата, фрлајќи јајца и јогурт врз зградата на Парламентот, а уште еден протест е закажан за попладнево.
Премиерот Гунлаугсон и министерот за финансии, Бјарни Бенедиктсон, кој, исто така, го скрати својот престој на Флорида за да се врати во земјата, се наведени во финансиските документи познати како „Панама пејперс" (Панамски документи) што ги објави Меѓународниот конзорцијум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).
Според „Панама документите“ четириесет и едногодишниот Гунлаугсон и неговата сопруга, Ана Сигурлауг Палсотир, во декември 2007 година ја купиле офшор компанијата „Винтрис Инк“, на Девствените острови. На крајот на 2009 година тој на сопругата и го продал својот удел од 50 отсто за симболична сума од еден долар, пренесуваат француските медиуми.
Нему му се забележува дека кога бил избран во Парламентот, во април 2009 година, кало член на Прогресивната партија на десниот центар, не го пријавил уделот во сопственоста на холдингот.
Скандалот со „Панамските документи“ предизвика бројни деманти на светските лидери и познати личности кои возвраќаат дека не работеле ништо лошо. Некои од најпознатите личности зафатени со скандалот велат дека имаат нефер третман во момент кога повеќе влади отвораат истрага за затајување данок и други малверзации врз основа на „Панамските документи“.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана