Исланд: Вработени 70 отсто од 17-годишниците

Властите на Исланд соопштија дека е сè поголем бројот на малолетни лица во таа земја кои влегле на пазарот на трудот.
Според тамошните медиуми, во 2011 година платена работа извршувале 56 отсто од лицата на возраст од 17 години, а во 2018 година нивниот број се искачи на 68 проценти.
На прес-конференцијата на Обдусманот во Исланд е соопштено дека економската криза од 2008 година значително ја забавила стапката на вработеност на малолетни лица, но по кризата, на пазарот на труд е сè поголем бројот на 16-годишници и 17-годишници.
Малолетните лица во таа земја можат да работат од возраст од 13 години, а нивната стапка на вработеност секоја година се зголемува.
Според последните податоци, 13 отсто од 13 -годишниците извршуваат одредена платена работа, како и 21 отсто од 14-годишниците, 45 отсто од 15-годишниците и 59 отсто од 16-годишниците.
Најголемиот дел од малолетните лица на возраст од 14 до 17 години се вработени во секторот на трговија на големо и мало или во ресторани и хотели.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
