Свет
30. December 2017 - 9:56

Исламската Држава презема одговорност за масакрот во коптската црква Света Мина во Каиро

Исламската Држава презема одговорност за вчерашниот крвав напад врз коптска црква во египетскиот главен град Каиро, во кој беа убиени 11 верници.

Исламистичката група објави соопштение преку своја информативна интернет страница, во кое соопшти дека напаѓачот врз црквата Света Мина е нејзин припадник. Напаѓачот беше ранет и уапсен откако уби 11 Копти.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со египетскиот водач Абдел Фатах ал Сиси, и го осуди нападот врз црквата. Поглаварот на Коптскта православна црква папата Тавадрос Втори одржи богослужба за убиените верници.