Исјановски: Починатиот затвореник бил нарко-зависник, немал симптоми на КОВИД
Затвореникот од Истражниот затвор што починал денеска бил зависник од дрога и не покажувал знаци на КОВИД-19.
Како што рече директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски во вечерашното гостување на „Топ тема“, се работи за млад човек на кој му била ординирана и терапија поради нарко-зависноста, а смртта му е констатирана попладнево, околу 14:30 часот.
– Во разговор со лекарот на затворот од Шутка ми беше предочено дека лицето не покажувало никакви знаци на ковид. Во текот на денешниот ден, при последната проверка во 14 часот не се пожалил, дури бил и весел. Потоа заминал на попладневен одмор и од затворските служби било констатирано дека починал. Повикана е Итната медицинска помош која исто така констатирала смрт, а телото на починатиот е однесено во Институтот за судска медицина. Од штурите податоци што ги имам, се работи за зависник, претежно од кокаин. Бил виден од психијатар на крајот од февруари и му е ординирана терапија. Тоа се сите информации што засега ги имаме. Јас сметам дека не се работи за ковид, туку за нешто друго, истакна Исјановски.
Според директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, засега брис од починатиот затворебник не е земен.
– Не е постапено од екипите на Центарот за јавно здрваје, но сигурно ќе се земе брис при обдукција во Судска медицина, а ќе се однесе и на испитување во Институтот за јавно здравје, истакна Зибери.
Зибери напомена дека досега, од почетокот на панедмијата, скоро сите 3.000 брисеви во Скопје се земени од страна на Центарот за јавно здравје, вклучувајќи го и првиот случај на дијагностициран/починат во затворот Шутка.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
