Ирма ослабна на ниво на тропско невреме

Првично ураган, а потоа тропската бура Ирма ослабна на ниво на тропско невреме, а најверојатно до вечерва дополнително ќе губи на сила, соопшти американскиот Национален центар за урагани во САД.
Ирма денеска се наоѓа на околу 150 километри јужно и југозападно од американската сојузна држава Атланта, а ветерот, пропратен со обилен дожд, се движи со брзина од 55 километри на час.
Поради ураганот Ирма околу 6,5 милиони домови во Флорида останаа без електрична енергија, а голема штета е пријавена на коралниот архипелаг Флорида Киз.
Жителите на Флорида Киз се евакуираа пред налетот на ураганот Ирма, а голем број куќи и монтажни објекти останаа без покриви, а уништетна е и инфраструктурата. На брегот има насукано многу бродови, кои се оштетени од силниот ветер.
Во налетот на Ирма во Флорида загина четири лица, а на Карибите 37. Ураганот на Куба одзеде десет животи, а на островите Сен Мартин и Сен Барт настрадаа девет луѓе, а седум се водат како исчезнати, додека во холандскиот дел од Сен Мартин загинаа ќетири лица.
Ирма нанесе голема штета и на островите Теркс и Кејкос, а едно лице загина на Барбуда, како и на Ангвили.
Најмалку тројца настрадаа во Порторика, петмина на Британските Девствени Острови, а четворица во Американските Девствени Острови.
Властите во американската сојузна држава Северна Каролина соопштија дека едно лица загина во тропската бура Ирма.
Во Џексонвил, северозападна Флорда издадена е наредба за итна евакуација, бидејќи се стравува од поплави поради зголемување на нивото на водата со доаѓањето на плимата.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
