Македонија
27. April 2017 - 9:17

Интернет кампања за младински политики и програми

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  (КСС) денеска ќе потпише меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации - СЕГА, со што ќе започне онлајн кампања за промоција на младинските политики и програми.

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај,  КСС сака да воспостави соработка со младинските организации заради подобрување на економско-социјалната положба на младите во општеството и креирање политики за нивна поголема вклученост, како и промовирање на младите на пазарот на трудот, најави КСС.