Македонија
24. November 2020 - 16:32

Интелектуалците и порачаа на Владата да не попушта, каква размена на документи се случува во моментов?

62-ца македонски интелектуалци застанаа во одбрана на македонскиот јазик и идентитетот. Испровоцирани од преговоирте и ставовите на официјална Софија, преку отворено писмо го повикуваат државниот врв да не потклекнува на притисоци со став дека македнскиот идентитет не смее да биде предмет на преговори.

Бурни реакции во јавноста предизвика вчерашното интервју на првиот човек на ДУИ. Колалицискиот партнер во Владата откри дека Скопје и Софија во овој период размениле документи од кои се чека официјана реакција од источниот сосед.

Изјавата на Ахмети беше во фокусот на денешната прес конференција на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Заев да каже каква понуда и има дадено на Бугарија и дали повторно ќе им забие нож во грб на граѓаните.

„Сакаме да прашаме, а Заев мора веднаш да одговори, што содржи таа понуда која што ја дала Владата на Заев до бугарската страна? Од што се откажува Зоран Заев и каква штета трпат граѓаните и државата заради неговата понуда за нов договор и одблокирање на интеграциите? Што се има понудено Зоран Заев во таа нова понуда?“, повика Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За каква понуда се работи не знае ниту пратеничката група на СДСМ. Оттаму денеска се со став дека преговорите ги води Министерството за надворешни работи.

Без официјален став е и македонската Влада, по се поочигледната тајна дипломатија со која со се водат преговорите со Бугарија.