Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 65 години дејност
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје денеска ќе отпочне со активностите по повод одбележувањето на јубилејот 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научно – истражувачката, високо – образовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг.
Централното одбележување ќе започне во амфитеатарот на Институтот со избрани цитати од Мисирков во интерпретација на Васил Зафирчев.
Поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и долгогодишниот директор на Институтот Трајко Стаматоски. Предвидено е и обраќање на министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и присуство на министерот за култура Асаф Адеми.
Кон јубилејот ќе се осврне директорката проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, а потоа д-р Марија Коробар-Белчева ќе се осврне на 115 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ и 25 години од смртта на Блаже Конески. За научните достигнувања на вработените во ИМЈ „Крсте Мисирков“ од неговото основање до денес излагање ќе има проф. д-р Гоце Цветановски.
Одбележувањето на јубилејот е почеток на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“ што ќе траат до 9 ноември. Во рамки на манифестацијата утре ќе започне меѓународната научна конференција „Јазикот и културата ‒ состојби и перспективи“, а на 9 ноември ќе се одржи трибина насловена „Макењдонскиот јазик во медиумскиот простор“.
Ново на Сител
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада