Иницијатива „Часови за готвење“ за промоција на социјално претприемништво
Здружението за социјални иновации „АРНО“ денеска ја промовираше иницијативата „Часови за готвење“, која се спроведува во соработка со средното училиште за угостителство и туризам СУГС „Лазар Танев“ и со познати готвачи. Иницијативата е наградена за социјално претприемништво - Social Impact Award.
Во текот на мај, учесниците ќе имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен таратор, овошна баклава, шкотски стек и други специјалитети со инструкции од готвачите, кои волонтерски се приклучија во проектот. Toa се Марк де Јонг, Никола Мишковски (ресторан „Камник“), Маре Јаневска (Британска амбасада), Лимонка Арсовска (професор во СУГС „Лазар Танев“), Ацо Божиновски (ресторан „Ла Тераца“) и Филип Поповски (#ГотвимесоФичо).
Часовите ќе се одржуваат во опремените простории на училиштето, каде секој самостојно ќе ги подготвува рецептите од часот. За да стекнат нови кулинарски вештини, заинтересираните ќе можат да купат ваучери преку платформата Брејнстер. Со секој купен ваучер учесниците добиваат брендирана престилка и дрвена лажица, намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути, инструкции од искусни гастро-шефови и помош од учениците-готвачи и можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле.
Општествено одговорните компании, кои сакаат да им понудат забава и тим-билдинг активност на своите вработени ќе може да откупат посебен час за нив.
На часовите за готвење, за продажба ќе бидат изложени и неколку кујнски престилки изработени од учениците на средното текстилно училиште „Кочо Рацин“ и кујнски даски доработени од страна на учениците од СУГС „Георги Димитров“.
Сите остварени средства од иницијативата ќе бидат реинвестирани во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на труд.
- Ова е пилот-иницијатива на „АРНО“ со која го тестираме пазарот, интересот на граѓаните и пробуваме да промовираме социјално претприемништво како наш одговор за намалување на младинска невработеност. Доколку има општествено одговорна компанија која сака да не поддржи и да обезбеди намирници за готвењето, отворени сме за соработка. Остварениот профит од продажбата на часовите ќе биде реинвестиран за обуки за подобрување на вештините на учениците и нивна мотивација, изјави координаторката Ирина Јаневска.
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана