Инфосесија за „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа“

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ денеска ќе се одржи информативна сесија за категоријата „Проекти за литературни преводи” на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“.
Сесијата ја организира Министерството за култура во соработка со Канцеларијата за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ на Унгарија.
- Ќе бидат претставени македонското и унгарското искуство и успеси во категоријата „Проекти за литературни преводи“ на програмата „Креативна Европа на ЕУ“. Истовремено, пред крајниот рок за доставување на проекти за оваа категорија до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, 25 јули 2017 година, ќе бидат претставени критериумите за аплицирање и ќе се одржат индивидуални консултации со апликантите, соопшти Министерството за култура.
Сесијата ќе ја отвори Билјана Прентоска од Министерство за култура, Одделение за „Креативна Европа“, а за унгарското искуство во категоријата „Проекти за литературни преводи“ ќе зборува Мондик Габор од Канцеларија за „Креативна Европа – Култура“ на Унгарија.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
