Инфосесии за потпрограмите на „Креативна Европа“ во пет општини

Инфосесии за потпрограмите Култура и МЕДИА на програмата на Европската унија „Креативна Европа“ во наредните денови ќе се одржат во Куманово, Битола, Тетово, Струмица и Охрид.
Како што соопшти Агенцијата за филм на РМ, утре од 11 часот инфосесија ќе се одржи во Занатски дом Куманово, на 12 јули од 12 часот во Завод и музеј Битола, на 13 јули од 13.30 часот во сала на Општина Тетово, на 16 јули во Домот на АРМ во Струмица од 20 часот.
На 20-ти и на 21 јули во Охрид ќе има три активности - во салата на Општината на 20 јули од 11 часот ќе се одржи инфосесија за „Креативна Европа“, потпрограма Култура, категорија: Проекти за соработка. Тој ден на Филмската академија Охрид во 13 часот ќе се одржи и конференција на тема „Важност на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на упешни МЕДИА проекти од регионот“, во соработка со канцелариите на „Креативна Европа МЕДИА“ на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Настанот се организира во рамките на првото издание на Beach Film Festival.
На Филмската академија во Охрид наредниот ден, 21 јули, од 12 часот ќе се одржат индивидуални консултации за претставници на македонскиот аудиовизуелен сектор со канцелариите на „Креативна Европа МЕДИА“ на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. Закажувањето е на мејлот: vladimir.stojcevski@ced.mk.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
