Индискиот лунарен ровер испрати податоци дека на јужниот пол на Месечината е измерена температура од 70 степени
Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој на Месечината беше истоварен од вселенското летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината, бидејќи е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека може да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.
Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.
Како што се наведува, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри
Ново на Сител
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС
-
Приведен разбојник во Скопје
-
Манчестер Сити постави рекорд во Лигата на шампионите
-
ВМРО - ДПМНЕ: Мицкоски ја фрли ракавицата кон СДС, останува да се види дали СДС ќе ја надмине политиката на водење на Македонија од ден за ден
-
Реакција од СДСМ за помилувањата од претседателката Сиљановска-Давкова
-
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности
-
Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис
-
Флик: Ниту еден од моите тимови немаше играч како Рафиња