Инциденти во Бирмингем, повредени тројца полицајци
Тројца полицајци се повредени во инциденти што навивачи на Легија од Варшава ги предизвикаа измината вечер пред натпреварот против Астон Вила во Бирмингем во рамки на фудбалската Лига на Европа.
Инцидентите се случија пред почетокот на натпреварот на паркингот во близина на стадионот „Вила парк“ каде полските навивачи беа собрани под надзор на британската полиција. Врз полицијата беа фрлени чадни бомби и други пиротехнички средства.
Натпреварот почна во закажаниот термин, но трибината која беше резервирана за полските навивачи остана празна.
Полицијата во Бирмингем образложи дека „не можела да им дозволи влез на стадионот на навивачите на Легија по немирите кои се случија надвор од стадионот“.
Помалку од 1.000 седишта беа резервирани за навивачите на Легија кои често пати предизвикуваат нарушување на јавниот ред и мир.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје