Македонија
2. February 2017 - 16:02

Илијовски: Поради негрижа на градоначалникот, прекината наставата во ОУ „Димитар Миладинов“

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поради негрижа на градоначалникот на општина Центар е прекината наставата во основното училиште „Димитар Миладинов“ во општина Центар каде електричната инсталација предизвикала електричен спој.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник во општина Центар Илија Илијовски изјави дека ситуацијата во училиштето е алармантна и оти електричната инсталација во училиштето е дотраена и претставува опасност за учениците.

- Причината за итната евакуација на учениците и прекинување на наставата е избивање на сериозен проблем со електричната инсталација во училиштето, проблем кој можел да заврши фатално за голем број на ученици. Имено, електричната инсталација и разводната табла предизвикале електричен пожар, искрење и чадење низ просториите на училиштето, што само по себе предизвикува опасност од вдишување чад и гушење од страна на учениците, рече Илијовски.

Тој праша дали на градоначалникот Андреј Жерновски поважни му се боемските улици и ангажирањето на диџеи како Стив Аоки наместо животите на учениците.