Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Општинската изборна комисија во Прилеп денеска му го додели уверението на новоизбраниот градоначалник на оваа општина Илија Јованоски.
По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Марјан Ристески се заблагодари на укажаната доверба и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите граѓани во општина Прилеп.
Потенцира дека сите проекти што се ветени ќе бидат реализирани.
Ристески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓшаните.
Уверенија денеска добија и сите 27 советници во Советот на општина Прилеп.
- Согласно изборниот законик член 37 Општинската изборна комисија денеска на избраните кандидати им ги додели уверенијата за нивниот избор и тоа на избраниот градоначалник на Општина Прилеп и на избраните членови на Советот на Општина Прилеп. Изборите се одржаа на 15.10.2017 година, изборниот процес заврши во првиот круг на гласање. ДИК со посебен заклучок од 24.10.2017 објави конечност на изборните резултати. По што и ОИК ги објави конечните резултати, истакна Каролина Шукуроска, претседател на ОИК Прилеп.
За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на Советот. На седницата ќе биде избран и новиот претседател на Совет.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
