Македонија
27. November 2015 - 18:48

„Иглс оф дед метал“ најавува нов настап во парискиот Батаклан

Групата „Иглс оф дед метал“, за време на чиј настап во париската концертна сала Батаклан 13 ноември, беше извршен еден од терористичките напади, најави дека сака да одржи нов концерт во Париз, кога салата повторно ќе биде отворена.

Во емотивното интервју за „Вајс“, коосновачот на рок бендот, Џеси Хјуз ги опишува моментите на шок и ужас при нападот, при што вети дека „Иглс оф дед метал“ ќе одржи нов концерт на местото каде 89 луѓе беа убиени од исламските екстремисти.

- Сакам да бидеме првиот бенд што ќе настапи кога повторно ќе биде отворена Батаклан, рече Хјуз.

- Нашите пријатели дојдоа таму за да слушаат рокенрол и беа убиени. Јас ќе се вратам таму и ќе останам жив, порача тој.