-->
-->
Иџе заврши со две трети места во Португалија
-->
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места го заокружи својот настап на трката во ЕТЦЦ шампионатот која се возеше вчера во португалицкиот град Вила Реал.
Имено, официјалните лица на трката, по прегледувањето на видео снимките од првата трка, решија на Португалецот, Хозе Родригез да го казнат со 30 секунди, откако во последниот круг успеа на неправилен начин да го мине македонскиот автомобилист и да му го одземе третото место, по што Иџе заврши како четврто рангиран во првата трка.
Сепак, неправдата беше корегирана, па Стефановски настапот во Португалија го заврши со две трети места, откако и на втората трка заврши на третата позиција. Во генералниот пласман Стефановски е на делба на третото место со 42 бода заедно со Норберт Наѓ, а во водство се Петр Фулин од Чешка со 57 бодови и Крисјоханес Шрајбер со 44.
За Стафановски и неговиот тим сега претстои пауза се до 17 септември за кога е закажана претпоследната трка во шампионатот која ќе се вози во Золдер, Белгија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко