Македонија
21. January 2016 - 16:49

Идната среда e неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари 2016 година, среда, Свети Сава, е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Министерството на граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот.