Идентификувани уште шест лица за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски
Грчката полиција идентификуваше уште шест лица од групата, кој пред два месеци упадна на изложбата во Солун на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, со што вкупно се идентификувани 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека во рамките на континуираната истрага и по наредба од Основното обвинителство на Солун биле идентификувани уште шест лица, пет мажи и една жена, сите грчки државјани на возраст од 20 до 44 години, додека пак на почетокот на мај беа идентификувани пет лица.
Против идентификуваните е покренат предмет за противзаконито насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.
-Петмина од горенаведените, заедно со пет веќе идентификувани лица и уште тројца соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата, соопштија од грчката полиција и додадоа додека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица.
Дополнително, од полициската истрага произлегло дека меѓу идентификуваните е и еден 44-годишен кој е одговорен за комуникација за регионот на северна Грција на подмладокот на организацијата со националистички карактер, на чиј сајт беше објавено видеото од упадот.
На 26 април, група членови на подмладокот на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламариа каде што во тек беше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.
Упадот беше снимен и објавен на сајтот на подмладокот на Златна зора, следеше осуда од Владата и партиите, Обвинителството нареди прелиминарна истрага, а на почетокот на мај, две седмици по инцидентот беа идентификувани четворица грчки државјани на возраст од 19 до 24 години и една девојка, странска државјанка на возраст од 22 години.
Ново на Сител
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата
-
Скопје ќе биде домаќин на Европски куп во џудо
-
Зеленски: Русите го бомбардираа селото Јарова во Доњецк, убивајќи над 20 цивили
-
Тројца од повредените пожарникари во пожарот во „Макпрогрес“ се пуштени дома, четвртиот испратен на дополнителни испитувања
-
Бронзени бисти одземени од Градските гробишта - Бутел
-
Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна