-->
-->
ИД презеде одговорност за нападот во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“
-->
Исламска држава презеде одговорност за нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул за време на новогодишната ноќ каде беа убиени 39 луѓе и 69 се ранети.
– Во продолжение на благословени операции кои ИД ги спроведува против Турција, херој војник на калифатот нападна еден од најпознатите клубови во кои христијани слават нивни отпаднички празници, се вели во соопштение на ИД.
Автентичноста не може да се потврди, јави ДПА. Во него се додава дека нападот во Истанбул бил извршен како одговор на наредба на лидерот на ИД Абу Бакр Ал Багдади да се нападне Турција.
Дваесет и четири од жртвите се странци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска до 29 степени
-
Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник
-
Митева: Поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник
-
Апокалиптични сцени на Флорида: Пристигна ураганот „Милтон“ | ВИДЕО
-
Уставен го укина „балансерот“
-
Академијата за судии и јавни обвинители ќе добие нов директор
-
Состојба на патишта
-
Трамп одби уште една дебата со Харис