ИД обучила најмалку 400 борци за цели низ Европа
Исламска држава има обучено најмалку 400 борци за цели низ Европа, разместени по терористичките ќелии како оние што ги изведоа нападите во Брисел и Париз, пренесуваат американските медиуми.
Тие имаат наредби да изберат време, место и начин за напад за да предизвикаат што поголем број жртви, наведуваат американските медиуми.
Мрежата од полуавтономни и агилни ќелии го покажува досегот на ИД во Европа, дури иако таа губи територии во Сирија и Ирак.
Официјални претставници, меѓу кои се и претставници на европски и ирачки разузнавачки агенции, како и една француска претставничка која ги следи џихадистичките мрежи, опишуваат за кампови за обука во Сирија, Ирак и веројатно поранешниот советски блок, каде напаѓачите се обучувани за цели на Запад.
Француската сенаторка Натали Гуле наведува дека проценките за бројот на исламисти се движи од 400 до 600 борци и тие се обучени конкретно за надворешни напади.
-Всушност, кога точно би знаеле колку ги има, сето ова немаше да се случува, наведува таа.
Друг безбедносен претставник наведува дека е променет начинот на обука која во 2014 година траеше само неколку недели, а сега оваа стратегија се променила, наведуваат американските медиуми.
Формирани се специјални единици, а обуката трае подолго, при што целта е да се изведат што повеќе терористички операции за непријателот да биде присилен да потроши што повеќе пари и луѓе, вели таа.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори