Ибрахимовиќ: Да имав 20 години, ќе дадев уште два гола
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој беше двоен стрелец синоќа против Болоња во 1. коло од италијанскиот шампионат (2:0), се спореди со херојот на филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“.
Јас сум во добра форма, работам. Победивме, а јас можев да постигнам повеќе. Да имав 20 години, ќе постигнав уште два гола. Не, не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон – почнувам стар и умирам млад! Настрана шеги, тимот играше добро, ние сè уште не сме 100% подготвени и затоа направивме некои грешки што обично ги избегнуваме, изјави Ибрахимовиќ за „Скај Италија“.
Тој очекува Милан да биде поуспешен од минатата сезона.
Нашата цел е да постигнеме повеќе од минатата сезона. Оваа година треба да играме натпревар по натпревар, да играме самоуверено и да го третираме секој меч како финале, додаде шведскиот фудбалер
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови