И покрај забраната, педалинки на струшкото крајбрежје
Покрај одлуката на Советот на Општина Струга за забрана на педалинки во водите на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје повторно може да се видат овие пловни објекти.
Градоначалникот Рамиз Мерко за МИА вели дека инспекторите се на терен и секоја педалинка што ќе биде затекната на крајбрежјето ќе биде одземена, а ќе следува и парична казна.
- Инспекторите се на терен. Некои викаат дека не можеме да ги чепкаме во вода, бидејќи тоа е надлежност на Капетанијата, ако излезат на копно, тогаш е работа на Општина Струга. Ние ќе чекаме кога ќе излезат да земаат луѓе, да ги преземеме сите мерки предвидени со закон, изјави Мерко.
Проблем, според него, претставува тоа што не се регистрирани овие пловни објекти и не се знае сопственикот.
- Се трудиме да се почитува одлуката на Советот. Оние што си земаат за право да не ја почитуваат, ќе бидат казнети. Досега сме задоволни и што е најважно годинава немаме жртви во водите на Охридското Езеро, истакна струшкиот градоналаник.
Одлуката за забрана на педалинките на струшкото крајбрежје ја донесе Советот пред почетокот на туристичката сезона, поради, како што рекоа, несреќите што се случувале од овие пловни објекти кои завршувале со жртви. Сопствениците на педалинки пак со негодување ја прифатија одлуката и најавија дека правдата ќе ја бараат од повисоките органи.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана