И по 43 години на власт Обијанг повторно ќе се кандидира за претседател на Екваторијална Гвинеја
Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обијанг денеска најави дека ќе чествува на изборите во ноември.
Обијанг на власт е 43 години, откако тој ја презеде власта со државен удар во 1979 година. Според групите за човекови права владеењето на 80-годишниот Објанг е обележано со тортура врз политичките противници, местење на избори и корупција.
Тој ги негира обвинувањата. Објанг во евентуално новиот мандат ќе се соочи со тешки предизвици. Економијата на Екваторијална Гвинеја е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19 и падот на цената на нафтата, иако војната во Украина и потребата од неруска нафта и гас може да помогнат во поттикнување на растот.
Сиромаштијата е широко распространета во Екваторијална Гвинеја. Ова стана особено очигледно кога минатата година серијата експлозии во касарната срамни дел од крајбрежниот град Бата, при што загинаа околу 100 луѓе, што го натера поранешниот колонијален владетел, Шпанија да испрати хуманитарна помош.
Ново на Сител
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток