-->
-->
И одбојкарите посакуваат златен медал!
-->
Македонската одбојкарска репрезентација на денешната прес конференција најави нов циклус од Европската лига во кој ќе се обиде конечно по две втори места да го освои првото место или златниот медал како што најави капитенот Никола Ѓорѓиев:
„ Оваа сезона сме ослабени во однос на претходните со неиграњето на неколку стандардни репрезентативци. Но јас не би бил тука доколку не верувам во потенцијалот на овој подмладен тим. Добро е што сме во групата која реално е послаба со Шведска, Албанија и Азербејџан и со три победи во Скопје и две во Албанија ќе дојдеме до финалниот турнир во Данска„- изјави Ѓорѓиев.
За првпат пред новинарите се претстави и селекторот Драгутин Балтиќ кој доаѓа од Словенија:
„ Искрен да бидам имав малку информации за овој тим но сега преку видео касети и тренинзите подобро ги запознав играчите и лично не би бил тука да не верувам во потенцијалот на оваа екипа која реално може да го освои првото место во Европската лига“- изјави Балтиќ.
Првиот турнир се игра во Скопје од 16-18 јуни кога во три дена играме со Албанија, Шведска и Азербејџан.
Потоа во Тирана од 23-25 јуни се игра вториот турнир.
Финалето е во Генофте Данска на 01 и 02 јули а на него ќе учествуваат домаќинот , двете првопласирани селекции од А и Б групата како и најдобрата второпласирана селекција од двете групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога