Македонија
22. April 2021 - 12:42

И Дојран најавува попусти и поволности за српските туристи

Во знак на благодарност за донираните вакцини и Дојран ќе има специјални поволности за српските туристи. Во рамките на своите надлежности општината веќе донела одлука со која туристите од Србија ќе бидат ослободени од плаќање за паркинг простор. Дополнително,  најавуваат попусти и за сместувањето. Иницијативата веќе била позитивно прифатена и од хотелиерите, но и од приватните сместувачки капацитети, но конечната одлука каков ќе биде попустот ќе биде донесена после состаноците кои треба да се одржат во наредниот период. 

,, Веќе сме во разговори со приватните сместуваќки капацитети и хотелиери. Сите ја поздравуваат идејата и веќе ние како локална самоуправа имае донесено одлука за бесплатен паркинг. Што се однесува до попустите во сместувачките капацитети секако дека наидува на позитивни индиции, но сето ова ќе биде разговарано на претстојните состаноци кои што следуваат овие недели и ќе излеземе со став заеднички со сместувачките капацитети и хотелиерите.,, вели Анго Ангов - градоначалник на општина Дојран

Српските туристи во последните неколку години почнаа повторно да се враќаат во Дојран. И покрај тоа што најголемиот дел од нив Дојран го користат само како транзит дестинација пред заминување или враќање од Грција тие претставуваат значаен дел за овој туристички центар. Локалните власти се надеваат дека најавените поволности, но  и новите содржини кои се планираат за ова лето ќе  бидат причина што поголем број туристи од Србија не само да транзитираат туку и да останат неколку дена на дојранското крајбрежје.