Македонија
25. January 2017 - 9:41

Хуманитарна забава за малиот Лука Јовановски

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар денеска организираат голема хуманитарна забава за малиот Лука Јовановски.

Малиот Лука има само една година, а се справува со редок вид рак на окото - Ретинобластома. За неговото лекување потребни се 20.000 евра и треба да се соберат пред да наполни 2 години во март годинава.

Хуманитарната забава ќе се одржи во Брик Бар со почеток во 17 часот.