Хуманитарна помош за првпат влезе во Газа преку преминот Керем Шалом

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа е отворен од денеска за првпат од почетокот на војната, со што е овозможено минување на камиони со хуманитарна помош.
Тој граничен премин беше затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа.
До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН и други за отворање на преминот, но согласност даде минатата недела.
Од денеска камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносна проверка и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом – соопшти израелската управа КОГАТ одговорна за координација на активностите со палестинските територии.
Објавени се и фотографии од камионите, јави ДПА, повикувајќи се на соопштението на КОГАТ дека со тоа ќе се зголеми дневната помош за Газа.
Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафа, што не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.
Ново на Сител
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
-

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација
-

Австралиската полиција била предупредена на можен антисемитски напад пред инцидентот на плажата Бонди
-

Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
