Хрватите купуват оружје за 3,8 милијарди евра
Хрватското Министерство за одбрана во периодот од 2021 до 2026 година ќе набави оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра.
Како што пишува денеска Јутарњи лист, помал дел од тоа, во износ од околу 223 милиони евра, се донирана воена помош од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Со оглед на количината и разновидноста на договорените и планираните набавки, може да се каже дека никогаш не е купено повеќе оружје и опрема отколку во овие пет години, потенцира Јутарњи.
Во периодот од 2000 до 2020 година, набавката на нови воени системи беше повеќе инцидент отколку практика. Купени се 126 оклопни возила „Патриа“ за 180 милиони евра, 39 воени камиони за 4,5 милиони евра, 27 употребувани германски камиони за 200 илјади евра, 16 самоодни хаубици PzH2000 за околу 430 милиони евра, седум се ремонтирани и купени пет МиГ за околу 18,5 милиони евра.
САД донираа 212 возила МРАП, како дел од сукцесијата, Хрватска набави 10 нови транспортни хеликоптери МИ 171Ш и склучи договор за изградба на пет крајбрежни бродови, кој се уште не е реализиран. И тоа за 20 години беше се од набавка на големи воени системи, истакнува Јутарњи лист.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
