Хорор: Со автобус влета во публика на концерт, покоси 40 луѓе

Возач на автобус, кој ја загубил контролата врз возилото, влетал во маса народ во градот Гонаив, на Хаити, при што прво усмртил еден пешак и повредил уште еден, за потоа, при обид за бегство, се забил во локален музички оркестар и убил уште 38 лица, соопштија локални претставници.
Уште 13 лица се повредени во овој инцидент што се случил околу 4 часот изутрина по локално време во овој северен град, во кој живеат околу 300.000 лица, а кој од престолнината Порт-о-Пренс е оддалечен околу 150 километри, пренесуваат француските медиуми.
- Свиревме и се забавувавме, а тогаш налета автобусот газејќи ги луѓето, изјави Жан-Ренал Едуар, еден од повредените кој веднаш бил префрлен во болница.
- Автобусот прво покосил двајца пешаци, при што едниот бил усмртен на самото место, додека вториот се здобил со повреди, наведува Мари-Алта Жан Баптист, началник на службата за цивилна заштина на Хаити.
Возачот на автобусот на приватната компанија „Блу скај“ потоа се забил во три групи улични музичари додека со голема брзина се обидувал да избега од местото на несреќата, оставувајќи зад себе крв на сите страни.
Бројот на повредени првично изнесуваше 17, но четворица од нив подоцна починаа во болница, сооошти националната полиција во Гонаив.
По инцидентот на улиците се собрале гневни граѓани.
- Луѓето кои не беа повредени во незгодата се обидеа да го запалат автобусот со патниците во него, вели координаторот на службата за цивилна заштита за тој округ.
Властите прво соопштиле дека го уапсиле возачот на автобусот, но тој всушност избегал од местото на несреќата, соопшти претставник од локалните власти во областа на сообраќајот.
Полицијата се уште не го идентификувала возачот, додека причината за инцидентот засега не е позната.
Возачите на Хаити на кои им се случуваат сообраќајни несреќи ретко остануваат на местото на несреќата, во страв од одмазднички напади на локалните банди, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
