Хорор: Двајца чистачи на прозорци виселе „заробени“ на 72 кат во оштетена платформа
Двајца чистачи на прозорски стакла во Тексас, останале заробени еден час во тешко оштетена платформа, на фасадата на облакодерот во Хјустон каде е сместена филијалата на американската банка „ЏП Морган-Чејс“.
Инцидентот се случил близу до врвот на зградата која е највисока во овој тексашки град, меѓу 72 и 73 кат, кога една од челичните сајли на кои се држела платформата, се откачила.
Платформата на која биле двајцата чистачи, наеднаш се навалила за 45 степени, држејќи се само на една сајла, а преплашените работници очекувале секој момент и таа да се скине и тие да пропаднат во амбисот.
Преку радио станицата со која биле снабдени, сепак ,успеале да побараат помош. Спасувачки екипи од противпожарната служба во Хјустон започнале сложена операција за спасување на заробените чистачи, која успешно била завршена.
Било одлучено да се демонтира едно од големите прозорски стакла на фасадата на банката , преку кое спасувачите, со јажиња, ги извлекле на смрт исплачените чистачи.
Полицијата соопшти дека никој во инцидентот и при операцијата за спасување не бил повреден
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција