Македонија
25. May 2016 - 20:19

Холанѓаните и годинава најбројни туристи во Охрид

Холандските туристи остануваат најбројни на охридската ривера ,годинава има зголемување за 30 проценти а позитивниот тренд ќе продолжи и понатаму со оглед на тоа што се решава проблемот со мигрантската криза. Агенцијата за промоција на туризмот заедно со ТУИ најавија проширување во понудите на холандските туристи кои покрај Охрид ќе опфаќаат посета и на други дестинации.

Туристите кои престојуваат во Охрид се воодушевени од својот прeстој и тие ќе бидат слeдните амбасадори на Македонија кога ќе се вратат во Холандија.

Она што Македонија ја прави посебна се ниските цени и е единствената дестинација во која се букирани најмногу екскурзии .

Тур опраторот ТУИ  кој ја нуди Македонија во своите понуди моментално оперира 4 пати а во шпицот на сезоната најавија дека бројот на летовите ќе се зголеми на 5-6 пати неделно.