Хилари Клинтон победи на прелиминарните избори на Девствените Острови
Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон победи на вчерашните прелиминарни избори за демократски претседателски кандидат на Американските Девствени Острови, јави ТАСС.
На изборите на Американските Девствени Острови, кои се територија на САД, Клинтон освои 86,5 проценти од гласовите, а нејзиниот противкандидат, сенаторот Берни Снадерс - 12,3 отсто. Со ова Клинотон освои шест од седумите делегати на Демократската национална конвенција од Американските Двествени Острови, а Сандерс само еден.
По вчерашното гласање на Клинтон и недостасуваат уште 64 делегати за да ги обезбеди неопходните 2.383 гласа на Демократската национална конвенција за освојување на номинацијата претседателски кандидат на демократите. Се очекува Клинтон да ги освои овие делегати во вторник, кога се одржауваат прелиминарни избори во шест сојузни држави за распределба на 694 делгати на Конвенцијата.
По вчерашниот пораз на Американските Девствени Острови, Сандерс оцени дека Демократската национална конвенција, која треба да се одржи од 25 до 28 јули во Филаделфија, би можела да биде оспорувана, бидејќи, според него, дотогаш ниту тој, ниту Клинтон нема да имаат доволен број избрани делегати.
Во пресрет на клучните избори во вторник, Сандерс во Лос Анџелес изјави дека по распределбата на избраните делегати и тој и Клинтон ќе треба да се борат за довербата на т.н. супер-делегати, чиј поддршка ќе биде клучна за избор на претседтелскиот кандидат.
Демократската национална конвенција ја сочинуваат 4.051 делегати, кои се избираат на прелиминарните гласања и 714 супер-делегати - избраните сенатори, конгресмени и гувернери од редовите на Демократската партија, членовите на Демократскиот национален комитет и 20 истакнати партиски членови, меѓу кои и актуелните и поранешните претседтели и потпретседатели на САД и поранешни лидери на Конгресот.
Клинтон досега доби поддршка од 524 супер-делегати, а Сандерс од само 46, додека 144 се уште не се изјасниле кого ќе поддржат.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност