Хејли: Израел е „малтретиран“ во ОН, ние тоа нема да го поддржиме

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли ги обвини ОН дека го „малтретираат“ Израел, нагласувајќи дека САД тоа повеќе нема да го поддржуваат.
- Израел е малтретиран во ОН и преку агенциите на ОН, Малтретиран е затоа што земјите кои не го сакаат навикалне дека можат да се извлечат од тоа. Јас едноставно не се согласувам со тоа. ОН трошат повеќе од половина од своето време дискриминирајќи една држава. Ние повеќе тоа нема да го поддржуваме, изјави Хејли, говорејќи пред Американско-израелскиот комитет за јавни работи (АИПАЦ).
Хејли беше цврст заговорник на одлуката на американската Администрација за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, објаснувајќи дека претседателот Доналд Трамп само „ја признал реалноста која американските претседатели предолго ја негираа“.
- Ерусалим беше, е и секогаш ќе биде главен град на Израел, изјави Хејли.
Набрзо по најавата за преместување на амбасадата во декември, Хејли го употреби правото на вето во ОН за да спречи резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се критикуваа САД поради едностраното прогласување на Ерусалим за главен град на Израел.
Хејли стави вето, блокирајќи ја Резолуцијата предложена од Египет, и покрај тоа што останатите 14 држави членки на Советот за безбедност на гласаа „за“ документот.
- Нема да ја толерираме ситуацијата во која глобално тело кое се состои од 198 држави, може да потроши половина од своето време, напаѓајќи една држава - Израел. Ние никогаш нема да поддржиме малтретирање, рече Хејли во обраќањето пред АИПАЦ.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс исто така говореше пред Комитетот, при што потврди својата поддршка за Израел и за одлуката на Администрацијата за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Еруслаим.
Ново на Сител
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
