Харадинај до Курти: Не се предавај пред признавањето од Србија, ќе останеш со празни раце
Лидерот на Алијансата за индината на Косово (ААК) и досегашен премиер на Косово Рамуш Харадинај денеска го повтори барањето до неговиот наследник на чело на косовската Влада Албин Курти да не ја укинува таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
По завчерашното отворено писмо, Харадинај денеска преку својата страница на Фејсбук повторно побара од Курти да не ги замени санкциите на српскиот увоз, кои ги воведе претходната влада со таксата, со реципроцитет кон Србија, како што навестува новиот премиер.
Харадинај му порача на Курти дека, доколку ја укине таксата пред Белград да ја признае независноста на Косово, ќе остане „со празни раце“.
– Претседателот (на САД, Доналд) Трамп во неговите писма упатени до Косово и Србија буквално побара признавање на Косово од страна на Србија. И ние го бараме истото. Таксата да се повлече по признавањето, така ќе се реши проблемот. Не се предавај пред да дојде признавањето од страна на Србија, затоа што ќе останеш со празни раце, напиша Харадинај.
Курти, кој беше именуван за премиер на Косово минатиот понеделник, на 3 февруари, најави дека ќе ја укине таксата од 100 остсто на увозот од Србија и БиХ, која неговиот претходник Харадинај ја воведе во ноември 2018 година и ќе воспостави целосен политички, економски и трговски реципроцитет со тие држави.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци