Хаос на границата со Црна Гора: Километарски колони, чекање со часови имало и тепачка

На границата Србија со Црна Гора кај Бело Поле има огромна гужва, патниците чекаат со часови за влез во соседната земја а настана и тепачка.
Автомобилите се полни, чекаат, од спротивниот правец возачите дофрлуваат луѓето од спротивно да одат на некој друг граничен премин бидејќи тука е хаос.
Имало и физички пресметки, дрско преминување на колоната возила поради што негодувале оние кои чекале. Неколку автомобили со новосадски регистарски ознаки го препречиле патот на оние т.н паметните.

Инаку од утрово на српската страна работи само една лента на границата, и поради тоа се прави метежот и на црногорската страна.
И српската и црногорската полиција кога виделе што се направило на границите почнале да пуштаат колона возила без никакви проверки.
Патничките автомобили на излезот од Србија најмногу чекаат на граничниот премин Гостун спрема Црна Гора каде задржувањето трае и до два часа. На патниците им се препрачува да го користат преминот Мехов Крш

Како што се соопштува на преминот Хоргош за влез во Унагарија, патниците чекаат 60 минути, на преминот Батровци за влез во Хрватска чекаат 30 минути исто и на преминот Градина спрема Бугарија. На останатите премини во Србија нема задржувања.
Ново на Сител
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
