Хан: Решение за името е можно во блиска иднина
- Македонија и Грција можно е во блиска иднина да најдат решение за спорот со името. Двете страни се посветени на овој процес, и тоа на највисоко ниво, и потребно е да постигнат договор што ќе им служи на интересите и на едната и на другата држава. Ова го порача денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ има план „Б“ за Македонија и нејзината евроинтеграција доколку не се постигне решение за спорот.
- Уверен сум дека е можно да се постигне решение не само затоа што преговорите почнаа и се во тек, туку затоа што добрососедските односи се мошне важни за регионот и за ЕУ, рече Хан откако денеска претходно му го предаде Извештајот на ЕК на премиерот Зоран Заев во кој Македонија доби чиста препорака за отпочнување на преговорите.
Нагласи дека од преговарачкиот процес треба да произлезе компромис за кој секоја страна треба да даде нешто за да се постигне конечната цел и да се склучи фер договор.
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура