Халанд поставил услов за повторно да потпише со Манчестер Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и челниците на клубот започнаа првични разговори за потпишување на нов договор меѓу двете страни.
Актуелниот договор на Норвежанецот е за уште три години, но и покрај ова, од „Етихад“ се склони да му понудат нов договор со подобри услови и на подолг период, пишува „Фудбал инсајдер“.
По првичните разговори меѓу шефовите и агентот на играчот Рафаела Пимента, се чини дека двете страни сакаат да постигнат договор. Сепак, Халанд постави важен услов кој ги загрижува „граѓаните“. Тој побара во неговиот нов договор да биде вклучена откупна клаузула, што особено не им се допаѓа на шефовите на „Етихад“, бидејќи идејата на новиот договор е да се одбијат потенцијалните конкуренти за потписот на напаѓачот. Присуството на таква клаузула секогаш остава дупка за можен трансфер.
Доколку навистина се согласат да вклучат таква клаузула во договорот, цената сигурно би била толку висока што многу малку клубови би можеле да си дозволат да ја платат. Тоа барем ќе им даде гаранција на газдите на Сити дека нема така лесно да ја испуштат својата ѕвезда.
-Не мислам дека потенцијалната клаузула во договорот на Халанд ќе важи за одреден клуб. Слушнавме такви гласини, но вистината е дека Халанди отсекогаш имал клаузула во неговиот договор претходно, уште од неговото време во Борусија Дортмунд. Во Ман Сити, исто така, може да се стави таква клаузула, но таа нема да важи само за Реал Мадрид, туку за секој клуб што може да си го дозволи тоа. Во последните месеци преговорите меѓу Халанд и Сити се во тек за нов договор. Ова е приоритет за клубот. И играчот таму е среќен и сака да остане. Овие преговори траат со месеци, можеби и половина година. Има активност на двете страни и има реални шанси во одреден момент да се договорат, сподели трансфер експертот Фабрицио Романо.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
