Хаити: Меѓу осомничените за убиството на претседателот е и судијка од Врховен суд
Полицијата на Хаити соопшти дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жованел Моиз е и судијка од Врховниот суд.
Во соопштението се вели дека судијката се сретнала со колумбиските платеници кои го ликвидирале претседателот.
Издадена е потерница за судијката Вендел Кок Тело, која беше отпуштена кога Моиз во февруари годинава објави дека е планиран државен удар против него. Засега не е познато каде се наоѓа таа.
Колумбиските платеници и двајца Американци со потекло од Хаити, кои беа уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, рекле дека се сретнале со судијката Кок Тело.
– Неколкумина од нив изјавија дека биле во нејзината куќа и во полиција доставија документи потпишани за време на тие состаноци, изјави портпаролката на хаитската полиција Мари Мишел Верије.
Постојат многу отворени прашања во врска со убиството на претседателот на Хаити, меѓу другото, и како убијците успеале да го поминат обезбедувањето во куќата на Моиз.
Еден од највисоките функционери на администрацијата Моиз беше уапсен под сомнение дека соработувал со убијците.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
-
Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија
-
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст
-
Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година
-
Сончево со температура до 38 степени
-
ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство