Фудбал
30. May 2021 - 11:01

Гвардиола: Сити ќе биде најдобриот клуб во светот за следните неколку години

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за својата иднина во клубот по финалето во Лигата на шампионите со Челзи (0:1).

– Сакам да одам дома кај моето семејство. Одамна не сум ги видел. После тоа ќе се вратам во клубот. Во следните неколку години тоа ќе биде најдобриот клуб во светот, рече Шпанецот.

Претходно, Гвардиола изјави дека нема да го напушти Манчестер сити, без оглед на резултатот од финалниот натпревар во Лигата на шампионите.