Гутереш: Сега е пресуден момент за правата на жените

Се наоѓаме во момент од пресудно значење за правата на жените, а Обединети нации треба да бидат пример во целиот свет кога се работи за родова рамноправност, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш по повод 8 март, Меѓнародниот ден на жените.
Тој посочи дека историската и систематска нееднаковост овозможиле репресија и дискриминација во цел свет, на социјалните мрежи, на филмските сетови, во фабриките, како и на улиците. Остварувањето на родова рамноправност и зајакнувањето на жените и девојчињата е недовршена работа и претставува најголем предизвик на нашиот свет во областа на човековите права.
- Активизмот на жените даде резултати. Поголем број девојчиња посетуваат училиште; се поголем број жени имаат добро платена работа и заземаат високи позиции во приватниот сектор, академската сфера, политиката и меѓународните организиции, вклучително и ОН. Родовата рамноправност е втемелена во безброј закони, а штетните пракси, како сакатењето на женските гениталии и детските бракови, во многу држави се забранети. Но, треба да ги отстраниме сериозните препреки ако сакаме да ја надминеме историската нерамнотежа на моќ, што е основа за дискриминација и експлоатација, посочи Гутереш.
Тој во својот говор се осврна и на сексуалното насилство во семејството, истакнувајќи дека над една милијарда жени во светот не се со закон заштитени од таквиот вид насилство.
- Дури и таму каде постојат закони, често не се почитуваат, а жените кои бараат правна заштита често наидуваат на сомнеж, осуда и омаловажување. Денес знаеме дека сексуалното вознемирување и злоставување се присутни на работното место, во јавниот простор и во домот, и тоа во држави кои се гордеат со своите резултати во областа на родовата рамноправност. ОН треба да бидат пример во целиот свет, наведе Гутереш.
Ново на Сител
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
