Групните тренинзи започнуваат во Италија, но почетокот на сезоната е неизвесен
Премиерот на Италија, Џузепе Конте потврди дека тимовите можат да започнат со групни тренинзи утре. Сепак, тој додаде дека има потреба од уште некои гаранции со цел да се обнови првенството.
Владата и италијанската фудбалска федерација одобрија медицински протокол, но истиот беше одбиен од клубовите и Здружението на играчи. Според предложените мерки, ако еден играч е заразен, целиот тим мора да биде ставен во карантин за период од 15 дена. Клубовите и играчите сакаат да се следи моделот на Германија и Шпанија и да се изолира само заразеното лице.
Во наредните денови се очекуваат нови преговори во врска со протоколот, во кој има и други разлики меѓу страните. Има објавен датум на кој се очекува првенството да биде обновено и тоа е 13 јуни. Сепак, премиерот не беше специфичен за тоа дали сезоната би можела да започне повторно тогаш.
-Пред да започне сезоната, ни требаат уште некои гаранции. Разговарав со министерот за спорт, Винченцо Спадафора, и во оваа фаза ги немаме. Се надевам дека ќе стигнеме до нив што е можно поскоро, рече Конте.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка