Груевски: Времето ќе покаже кој е во право
Се што правевме-правевме за сите граѓани, не ги делевме Македонците и Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите и останатите. Тоа што некому му беше потребно да создаде негативна перцепција кај Албанците за нас и лажно да не престави како националисти, како некои кои не ги почитуваат Албанците или се против нив, е краткорочен успех, затоа што нашите дела, нашата грижа, проекти, помош и секогаш пружена рака за поддршка ќе останат кога оваа вештачки создадена магла ќе се крене.
Ова од собраниската говорница вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потенцирајќи дека во 2006. година процентот на правична застапеност на Албанците во јавната администрација бил 10 отсто, а сега се искачил на 20 проценти.
-Да не ги споменувам изградените патишта, водоводи, канализациски мрежи, спортски сали, училишта, болници факултети, универзитети, донесени фабрики кои отворија нови работни места во Кичево, Тетово, Струга, Скопје, Гостивар итн. Да не ги споменувам земјоделските субвенции, покачените пензии, и десетици и десетици други привилегии и подобности за кои Албанците во време на СДСМ можеа само да ги сонуваат, а денес им се придобивка и стекнато право, потенцира Груевски.
Според него, никој не се борел за да им ускрати нешто на Албанците.
-Тие ќе добијат унапредување на користење на јазикот, како што добија и во минатото. Но, во рамките на меѓународните стандарди, задржување на унитарниот карактер на државата и без загрозување на македонскиот јазик како единствен официјален јазик на целата територија на Македонија, а со тоа и кохезивен фактор на сите етнички заедници во Македонија, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница