Груевски: Претседателите на ДИК од СДСМ немаа никаков проблем со Избирачкиот список

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека СДСМ со создавање некаков привид меѓу граѓаните, дека којзнае што се случува со списоците, наметнува ситуација за да обезбеди алиби за да го оправда поразот на изборите.
- Тоа се оние списоци со кои во минатото и ВМРО победуваше, и СДСМ победуваше, и никому тоа не му пречеше. Со истите списоци со кои во последните осум години нивниот претседател на Државната изборна комисија немаше никаков проблем. Тие имаа пет претседатели на ДИК и никој од нив немаше проблем со списоци. Сега дојде време, бидејќи ги очекува пораз, по такви година и пол што и приредија на земјата и на граѓаните што не знаат како да излезат од целата оваа работа, рече Груевски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.
Вчера, додаде тој, практично го тероризираа ДИК со закани, се со цел да издејствуваат поголема бројка на граѓани-гласачи кои треба да бидат проверени, за да изгледа дека сомнежот е голем.
- Ако е реално потребно десетина илјади да се проверат од вкрстувањето на списоците, гледаат тоа да биде 100.000, 200.000, а ако може и 500.000 за да се создаде привид кој ќе им обезбеди алиби да ги одложат изборите, а ако веќе отидат на изборите, да имаат алиби за поразот. Ова ќе ги чини многу. Колку е поголем бројот на луѓето што ќе бидат проверувани, толку ќе биде поголем зијанот за нив и ќе влијае на пад на нивиот рејтинг затоа што луѓето ги множат со нула и ги сметаат за фантомски гласачи, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Николовски: Годинава запленети вкупно 318 килограми дрога, 3,1 килограм златен накит, 205 илјади евра и над 1100 штеки цигари
-

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана
-

Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски
-

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка
-

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра
-

Општина Ѓорче Петров одбележа 81 година од ослободувањето
-

Мицкоски: Мој личен став е дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар
-

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој
