Груевски: Пред овој датум простум треба да застане секој Македонец

“Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. Јас лично, со своите слабости и способности, не сум направил ништо повеќе од совесно исполнување на долгот кон татковината - Македонија. Функцијата, инаку, ми помогна да работам во моментот со сила создадена од сите творци на македонската епопеја и да го претставувам идеализмот, моралната сила и цврстината на борбена Македонија“. Со овој цитат од Тодор Александров, премиерот Никола Груевски го започна својот говор по повод денешниот празник.
-Денеска е 23-ти октомври. Денес ја прославуваме 122-годишнината од формирањето на организацијата која го смени текот на македонската историја и го пробуди слободарскиот дух на нашиот народ македонската револуционерна организација. Денешниот празник е празник кој со сета своја симболика и значење, со сета своја тежина и траење, претставува датум пред кој простум треба да застане секој оној кој си ја сака Македонија како своја држава, како држава издигната на плеќите на неговите предци, како држава која останува за навек на идните потомци. Затоа што без ВМРО немаше да постои македонското прашање, без постоењето на македонското прашање немаше да постои Македонија. Сите ние, сме мали фигури во сенка на големиот 23-ти октомври – денот на Македонската револуционерна борба, денот кој ги трасираше патиштата кои водат до современа, независна и самостојна Република Македонија. Во тоа име и по тој повод, денес имам исклучиво задоволство и чест да говорам за големиот празник, за идеалите и предизвиците, за времето и тежината, за минатото и иднината, истакна премиерот.
Груевски посочи дека личното и колективно празнување на овој празник и придобивките со кои сме задолжени од минатото, исклучиво е можно доколку секој еден поединец, секој еден граѓанин на оваа земја, индивидуално и интимно, сам за себе проба да навлезе во времето во кој е формирана и дејствувала Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.
- Тоа е она време кое по старите фотографии ни е познато по мачниот земјоделски живот, борбата за опстанок и преживување, испуканите дланки на нашите предци, мачното секојдневие и живот во кој употребата на сопствениот јазик, религија и обичаи било секогаш проследено со притисок и тортура.Се земало материјалното, се земала честа и достоинството, како на поединецот, така и на семејството. Обичниот човек трпел и собирал во себе, се молел и се надевал дека времињата ќе се променат. Имало индивидуални и групни побуни, но секогаш биле стишувани и крваво задушувани. Така минувале годините, ...минувале вековите...се менувале генерациите, а притисокот врз населението останувал ист, дополни Груевски.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
