Груевски: Дејствуваме во интерес и на државата и на бегалците и на Европа

Ние со нашето однесување дејствуваме и во интерес на мигрантите, за подобар хуман третман, но и заради евиденција и намалување и превенција од безбедносните ризици и закани, не само кон Македонија туку и кон нашите европски пријатели. Дејствувањето на јужната македонска граница е дејствување во интерес на европа. Безбедноста е значајна компонента и таа не е и не може да биде секундарна работа, а за сметка на хуманоста. Тие две работи не се исклучуваат туку треба да одат заедно, уважувајќи ја еднакво секоја од нив.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање на свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод утрешниот државно-црковен празник Свети Климент Охридски.
Хуманоста, рече, сме ја докажале безброј пати, Македонија беше место каде што 360.000 лица најдоа привремено прибежиште пред 16 години за време на косовската криза и никој не може да ја обвини за нехуманост, напротив.
- Како што зимата надоаѓа ние постапуваме одговорно, обезбедуваме бесплатна медицинска заштита, топла облека, храна и топли напитоци, обучуваме персонал кој е спремен да помогне, соработуваме со невладиниоте организации и поставувањето на СОС детски села на јужната и северната граница се одличен пример за тоа, напомена премиерот.
Тој ја поздрави одлуката на ЕУ силите на Фронтекс да учествуваат во координирање на активностите на грчко-македонската граница и им заблагодари на европските политичари и европските земји кои ни даваат поддршка во надминувањето на овој предизвик.
- Уште еднаш мораме да се обединиме околу координаиран одговор на кризата која ќе трае, обединуваќи ги Балканските држави. Европските сојузници, меѓународните актери, невладините и хуманитарните организации околу споделено и одржливо решение за оваа криза во која Македонија од сопствени ресурси, без сериозна финансиска помош од надвор, прави се за хуман третман на оние кои бегаат од виорот на војната. Ќе продолжиме да се однесуваме одговорно и посветено на оваа тема, подвлече претседателот на македонската Влада Никола Груевски.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
