Груевски: Да останеме фокусирани на реалните проекти

Стремејќи се кон највисоките цели, за да биде подобро, за да биде поубаво, за народот да живее побогато, да има поголем стандард, да има работа, да има фабрики, да има иновации, да има нови патишта, да напредуваме во образованието, здравството, земјоделието, културата, спортот, туризмот...
Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека треба да останеме фокусирани на реалните проекти, при своето обраќање по повод Илинден.
-Во секоја област работиме со неисцрпна енергија, со голем ентузијазам, со голема верба во себе и со неизмерна љубов за својата земја и за својот народ. Ние мора да останеме фокусирани на реалниот живот, на реалните проекти кои носат корист за нашиот народ, и го подобруваат животот за семејствата, за граѓаните, за земјоделците, за работниците, за учениците, студентите, за бизнис заедницата. Земаме пример од најдобрите во светот. Се трудиме да ја придвижиме Македонија кон најуспешните во светот. Без разлика за кое поле се работи, ние не се плашиме да се натпреваруваме. Нашите погледи се насочени напред кон најуспешните во секое поле, рече тој.
Таквите амбиции водат кон високи цели, додаде Груевски и потенцираше дека високите цели водат кон предизвици, предизвиците бараат многу работа, пропратена и со многу препреки и проблеми, но таквата работа секогаш води кон успех.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
